Кула за одбрана од 19 век, која се наоѓа на една од најпознатите јужните точки на полуостровот Пелопонез во Грција, се претвори во пријатна куќа за гости. Таа се наоѓа во регионот на селото Мани и се вика “Tainaron Blue Retreat”.
Малиот хотел е создаден од архитектите Костас Зувелос и Касиани Теодораку. Куќата има едноставен, но модерен дизајн. Таа располага со три спални, секоја со сопствен санитарен јазол, заедничка кујна и зона за појадок.
Кулата е изградена на еден рид и од неа се открива чудесниот поглед кон регионот, брегот и карпите.
Таа е целосно автентична, а внатре камените ѕидови се задржани, како контраст со модерниот, минималистички мебел.
Хотелот располага со прекрасен инфинити базен, кој се спои со морето и хоризонтот. Областа околу кулата е опкружена со дрвја и грмушки, обезбедувајќи сенка и приватност.
Благодарение на фактот дека архитектите ја чуваат оригиналната архитектура, денес куќата за гости нуди уникатно искуство и атмосфера.
Види фотографии од малиот хотел во галеријата.