По последниот обид на еврокомесарот Јоханес Хан ноќеска со лидерите на четирите партии, договорот постигнат во Пржино помеѓу власта и опозицијата не е во прекин, туку е пропаднат а одговорноста за тоа ја има Никола Груевски, открива западен дипломат за Либертас.

gruevski_sobranie1-540x304На ЕУ и САД, односно на преставниците инволврани во обидот да се реши политичката криза, од ноќеска им е совршено јасно дека нивните заложби договореното во Пржино да биде имплементирано не успеале, вели тој. За ден два, како што тврди, ЕУ и САД најверојатно и јавно ќе го соопштат ставот дека договорот од Пржино пропаднал и дека за неуспекот е виновен премиерот Никола Груевски.

Меѓународната заедница, според него, е на чисто дека Груевски не сака договорот да се спроведе и веќе се подготвувале мерки, контра удар на игрите што ги правел Груевски околу решавање на политичката криза со договорот од Пржино, кој и самиот го потпиша.

– Многу скоро амбасадорите на западните држави во вашата држава од нивните влади ќе добијат инструкции да замрзнат било какви проекти, па и контакти со премиерот и министерствата на актуелната влада – открива нашиот соговорник.

ЕУ најверојатно и ќе го реализира најавеното ставање на црна листа на неколку фнкционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, вели тој.

Сето тоа, според него, му е јасно на Груевски, и затоа му се остава уште ден или два сепак да ја сфати сериозната намера на меѓународната заедница да ја изолира неговата влада. Сепак, проценките се дека се мали надежите Груевски да сфати дека тоа што потпишал мора да го почитува и спроведе, а не со секојдневни трикови да спречува подготовки за регуларни, фер и демократски избори најавени за април наредната година./Либертас

Слични содржини