Судијата Лазаревски кој не дал налог за претрес на Горан Груевски, според извори на Либертас од судот, во текот на вчерашниот ден сепак, прво потпишал такво решение.

Но, како што тврдат нашите извори, претседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски веднаш интевенирал и решението било поништено.

intervj-670x447

Вчеравечер полицијата по налог на Специјалното јавно обвинителство го бараше началникот на петтата управа, Горан Груевски, со цел да овозможи негово сослушување.

Специјалното обвинителство претходно доставило барање до судијата во претходна постапка, да се даде налог за претрес во домот на Груевски со цел да се обезбедат докази.

Судија го одбил барањето, по што СЈО побарало лишување на Груевски од слобода, затоа што сметаат дека постојат основи за определување притвор.

Законот му овозможува на СЈО да бара од полицијата да обезбеди осомничено лице во период од 24 часа во кој ќе се изврши распитот.

По издавањето на налогот, полицијата се упатила во домот на Груевски но тој не бил таму.

Повеќе ТУКА

Слични содржини