Лидерот на Каталонија со многу важни повици пред независноста

од desk4

На помалку од 24 часа пред истекот на ултиматумот на шпанската влада, каталонскиот лидер Карлес Пучдемон повика на смиреност, објави Ројтерс. До утре, Пучдемон мора јасно да изјави дали ја прогласил Каталонија за независна држава.

Тој симболично ја прогласи Каталонија за независна држава во вторникот вечерта, но секунди подоцна објави дека ќе го одложи овој унилатерален чин за да се овозможи организирање на преговори со Мадрид.
Премиерот на Шпанија Маријано Рахој даде ултиматум на Пучдемон до понеделник да се разјасни позицијата и потоа до четврток да се смени одлуката, ако продолжува да инсистира на независност. Рахој се закани дека ќе ја повлече автономијата на Каталонија ако тие се одлучат за независност.

“Каталонската влада сака да ја повториме нашата посветеност за мир, учтивост и смиреност, и исто така за … демократија како инспирација за одлуката што треба да ја земеме”, рече Пучдемон на настан во Барселона.

Во овие тешки часови на надеж за Каталонија нема се спротивставиме на насилството и ќе објавиме обид за учтивост, надеж, ведрина и почит, додаде тој. Иако Пучдемон не навести како ќе одговори на Мадрид, локалната каталонска телевизија TV-3 забележува дека тој нема да каже само “да” или “не”, а ќе одговори на околности.

Владата на Шпанија предупреди дека може да го активира член 155 од Уставот, кој овозможува одземање автономијата на Каталонија, распуштање на локалниот парламент и преземање на управувањето.

Шпанскиот весник “Мундо” пишува дека ако Мадрид активира член 155, Владата ќе ја замени каталонската влада со нова, што може да биде предводена од политичари или технократи. Локалните избори ќе бидат организирани во рок од три месеци.

Слични содржини