Макрон: Франција и Германија, обединети во проектот за нова Европска унија

од desk3

 По доаѓањето на самитот на Европската унија во Брисел, претседателот на Франција Емануел Макрон рече дека Франција и Германија ќе работат на   проектот Европска унија, и по излегувањето на Велика Британија.  

“Европа за мене не е само идеја. Тоа е проект, амбиција”, рече Макрон, наведувајќи дека тесната соработка со   Германија и дека се спремни да зборуваат со еден глас.

Во Брисел денеска започна дводневниот самит на земјите членки на Европската унија која ќе биде посветена на борбата против тероризмот, јакнењето на европската одбрана, трговското прашање и состојбата со мигранитите во Средозмејето.

Германската канцеларка по доаѓањето во Брисел оцени дека обликувањето на иднината на ЕУ е поголем приоритет од преговорите со Велика Британија и нејзиното излегување од Унијата.

“За мене обликувањето на иднината на ЕУ и 27 членики е поголем приоритет од преговорите со Велика Британиа и нејзиното замикнување Брегзит”, рече германската канцеларкла.

 

Слични содржини