Меј и Меркел остануваат на договорот со Иран, без обзир на ставот на Трамп

од desk2

Велика Британија и Германија денеска се усогласија да останат дел од договорот со Иран, откако САД објавија дека повеќе не го сметаат тој договор за спогодба од интерес за државата, јави Reuters.

Ова беше соопштено откако премиерките на двете земји телефонски разговарале.

„Се сложија дека двете држави остануваат цврсто предадени на спроведување на спогодбата“, беше речено.

Соопштено е дека Меј и Меркел сметаат дека меѓународната заедница мора заеднички да продолжи со притисокот против улогата на Иран за дестабилизација на регионот. Исто така, треба да се вложат напори да се пронајде начин на реакција за иранската програма за балистички ракети.

Слични содржини