Младата кошаркарска репрезентација против Косово за подобар пласман на ЕП

од Vladimir Zorba

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија го продолжува својот настап во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Ородеа, Романија.

Откако групната фаза црвено-жолтите ја завршија како трето пласирани со две победи и два порази тие сега ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место на шампионатот.

Противници на македонските младинци ќе бидат нивните косовски врсници во мечот кој ќе започне од 19 часот и 45 минути.

Во останатите натпревари за пласман ќе разигрутаат: Финска – Словачка, Унгарија – Албанија и Холандија – Белорусија.

Воедно денеска се играат и средбите од четвртфиналето, а двојките се: Полска – Велика Британија, Хрватска – Грузија, Романија – Португалија и Русија – Белгија.

Слични содржини