На близина на шик кафулињата и елегантните згради во срцето на белгиската престолнина се наоѓа предградието Моленбек – еден од главните одгледувачница на исламистички екстремисти во Западна Европа, раскажува “Вашингтон пост”.

MOL 1

Во текот на викендот полицијата таму уапси седум лица осомничени во врска со крвавите напади во Париз. Белгискиот автомобил, користен од напаѓачите,ја доведе полицијата до предградието, каде беше уапсен еден од тројцата браќа, поврзани со нападите; вторит загина во нападите во Париз, а третиот е предмет на сериозно гонење. Во понеделникот во соседството се одржува нова операција со учество на оклопни возила и полициски командоси.

“Ова се лоши вести за заедницата, бидејќи сега сме посрамени”, вели локалниот политичар Ахмед ел Ханус. “Тука не сакаме да гледаме радикализам.” Но Моленбек одамна е познат.

Ајуб ел Хазани – најмладиот Мароканец кој во август се обиде да ги нападне патниците на експресниот воз Амстердам – ​​Париз, живеел таму со својата сестра. Предградието беше поврзано со терористичка ќелија, разбиена во јануари, како и со радикалната мрежа Sharia4Belgium која регрутирала борци за “Исламска држава”, забележува електронското издание Politico.

Случувањата не се од вчера – џихадистичките клетки се појавуваат во Брисел во средината на 90-тите години. Напаѓачи со линкови во Белгија учествувале во убиството на авганистанскиот лидер, кој се бореше против талибанците, Ахмад Шах Масуд на 9 септември 2011 година, нападот на станица “Аточа” во Мадрид во 2004 година и нападот врз списанието “Шарл ебдо” во јануари 2015 година

“Речиси секогаш има врска со Моленбек. Тоа е огромен проблем”, коментираше белгискиот премиер Шарл Мишел во неделата.

Многу од Мароканците и Турците, имигрираат тука пред половина век, и се дел од средната класа. Но невработеноста достигнува 30-40% и просечниот приход е многу поназад од вообичаениот за Белгија. Уште поважно е дека предградието е со контраст на соседните области. Тоа е на 45 минути пешачење и оддалеченост од главниот град на Европа

И никој од неговите жители не го поминува овој пат.

MOL2

Аналитичарите на ситуацијата во Моленбек тврдат дека семето на екстремизмот се сее таму пред многу време. “Не сум изненаден, бидејќи радикалниот и политички ислам во Белгија се зголеми во текот на годините”, вели Билјана Бенјаич – координатор на истражувањата на радикалниот исламизам во бриселскиот институт “Итинера”. “Итинера” ​​развива анализи и стратегии за социјален развој и прифаќа финансирање само од приватни спонзори, чии имиња не ги објавува.

“Многу луѓе имаат чувство дека никогаш нема да успеат, дека немаат шанси во општеството, им завидуваат на другите – тоа е плодна почва”, забележува Бенјаич.

Во изминатата деценија таму се населиле главно арапски имигранти, привлечени од ниските цени во “Малиот Манчестер”, како што се нарекувало предградието со магацини и фабрики со згради од тули .

“Дојдов пред 50 години”, вели Мохамед – сопственик на продавница кој, како и многу други локални жители, не сака да го каже целото негово име. “Секогаш имало некаков криминал, но беше подобро место за живеење. Работите се променија во последните години. Дојдоа радикалите. Тие дури и не се вистински муслимани.”

Младите радикализирани муслимани се обично трета или четврта генерација имигранти сметаат белгиските власти. “Во средина каде што тие нема зошто да се оптимисти, радикалните пораки нудат можност за власт и хероизам”, коментира Магнус Ранстроп – експерт за тероризам во Европската мрежа за свест за радикализацијата. “Исламска држава” се многу добри во тоа. Видеата им се професионални, предизвикуваат емоции. ”

MOL3

“Имами од странство ги радикализираат нашите млади”, вели Редуан Аруш – претставник на Исламската партија во соседниот на Моленбек регион – Андерлехт. “За жал локалните и регионалните власти не одговорија на нашите молби да интервенираат.”

Белгија е најголемиот извозник на борци за “Исламска држава” по глава на жител. Речиси 500 луѓе ја напуштиле земјата, за да се борат на страната на џихадисти. Околу 130 се вратиле, 77 загинале, а над 200 уште се во Сирија.

За барем две од џамиите во Моленбек се знае дека се популарни меѓу радикалите, тврди Аруш. Имамите ги искористија слабиот арапски на младите и ги толкуваат светите текстови, така што да сее екстремизам и омраза.

Во седумдесеттите години, раскажува Бенјаич, Саудиска Арабија и други држави од Персискиот залив финансираат верски училишта и така ги изострија тензиите меѓу вахабистички џамии и умерените марокански традиции. Саудиското толкување беше добро прифатено од децата на имигрантите, кои страдале од криза на идентитетот. А сега “Исламска држава” го искористи тоа.

Иако вели дека ништо не ги оправдува варварските дејствија како оние во Париз, Бенјаич тврди исто така: “Секое општество ги добива радикалите кои ги заслужува. Ние ги направивме овие чудовишта. Без разлика дали ги сакаме или не, тие се производ на нашиот систем.”

Слични содржини