МВР демантира дека прислушува политички партии

од desk4

Министерството за внатрешни работи денеска ги демантираше тврдењата на Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ дека МВР прислушува членови на раководство на некоја опозициската политичка партија.

– Тоа не е точно. МВР ги отфрла како целосна невистина наводите изнесени во јавноста од една политичка партија. Времето на злоупотреби на МВР за партиски цели заврши со промената на власта. Во Министерството за внатрешни работи следењето на комуникациите се одвива исклучиво согласно процедурата пропишана во постојните законски и подзаконски акти, наведува МВР во демантот.

Од МВР истакнуваат дека во Собранието на Република Македонија постојат две надзорни комисии чија функција е вршење надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и над примената на ПИ мерките и оти комисиите во секој момент можат да извршат надзор и контрола над примената на овие мерки.

Слични содржини