Обвинителството без да ги покаже доказите врши распит на уапсените од Диво насеље во Куманово. Според извори од обвинителството, се уште не биле собрани и комплетирани сите докази и вештачења, па затоа за да се добие во време почнал распитот на осомничените, јави Телма.

teroristi_kumanovo

Вчера двајцата обвинители кои го работата предметот целиот работен ден го поминаа во затворот во Шутка. Распрашуваа осомничени за пукање, учество и логистика на групата од Косово.

Само еден зборувал и тоа полицаец вработен на граничниот премин Табановце.

– Јас се јавив во полиција и ЦУК и кажав дека се пука. Ми рекоа не мрдај од таму има акција на полицијата сокриј ја фамилијата во подрум. Чекајте евакуација – рекол полицаецот кој дента на 9 –ти мај околу 18 часот бил уапсен со уште 14 други мажи скриени во една од куќите. Бидејќи се претставил дека е полицаец му било побарано службеното оружје кое сам го предал. Обвинителството тврди и најавува докази дека не само што се криел туку, бил логистика на групата од Косово. Но доказите не биле презентирани.

Друг притворен кој пак бил дел од групата одбил да зборува пред обвинителите. Само кратко изјавил дека нема да каже ниту збор додека не ги види доказите

Осомничен е дека бил во позадинскиот дел од групата која во вистинска војна во населбата уби осумина полицајци, а триесетина беа ранети. Неколкумина од полицајците се уште се во тешка здраствена состојба и ќе останат инвалиди.

Осомничените според извори од затворот се распрашуваат сам по сам во присуство на адвокат. Бранителите на осомничените не присуствуваат на распитот на останатите притврени што е вообичаена пракса.

Следната седмица обвинителите ке патуваат Битола и Штип каде ќе се распрашуваат главните осомничени за организирање и пукање кон полицајците во кумановската населба

Целиот текст може да го прочитате тука.

Слични содржини