Осумкратниот победник на турнирот во Монте Карло, Шпанецот Рафаел Надал го доби последниот четвртфинален меч од денешната програма на Мастерсот откако го совлада сонародникот Давид Ферер со 2:1 во сетови (6:4; 5:7 и 6:2).

Ова воедно беше и единствениот меч што се играше во три сета. Со овој триумф Надал му се реваншираше на Ферер за ланскиот пораз на истиот турнир.

Во полуфиналето Надал ќе игра против Новак Ѓоковиќ, кој пак беше поуспешен од Марин Чилиќ со 2:0 во сетови. Ѓоковиќ на Мастерсот во Монте Карло победи во 2013 година. Ова ќе биде 43-ти меч меѓу Ѓоковиќ и Надал.

Во второто полуфинале ќе играат Томаш Бердих и Гаел Монфис. Бердих се пласира во полуфиналето откако Милош Раониќ поради повреда го предаде мечот при резултат 5:2 во гемови во првиот сет, а Монфис беше подобар од Григор Димитров со 2:0 во сетови

Слични содржини