Во најљубовниот месец од годината, гледаме наназад во времето и кон едни од најубавите приказни за љубовта. Кралицата Викторија и принцот Алберт, Сулејман Величенствениот и Хурем Султан , Наполеон Бонапарта и Жозефина, се само дел од приказните за љубовта, од кои некои не завршуваат среќно. Има ли вистинска, пламена љубов, љубов на прв поглед ? Видете во следните редови.396ae5ab036a3f1e07e3698f32b9e449

Ромео и Јулија
Ова можеби се најпознатите љубовници. Шекспировите ликови се претвораат во синоним на самата љубов. Нивната љубов е како чиста и убава, толку и трагична.
Децата на две завојувани семејства кои се вљубуваат на прв поглед, се венчаваат против волјата на родителите и умираат заедно. Една трагична приказна која погубува двајца млади, за да можат потоа нивните семејства да го прекинат непријателството.

Орфеј и Евридика
Љубовта меѓу Орфеј и Евридика е древна грчка историја на очајот. Орфеј е силно вљубен и се жени за прекрасната нимфа Евридика. Двојката била многу среќна. Еден ден, додека нимфата се шетала, змија ја гризнала по ногата.
За да ја врати омилената, Орфеј слегол во подземното царство и ги свирел најтажните песни, по што сите богови и нимфи ​​заплакале.
Трогнати од неговата силна љубов, Адот и Персефона му дозволиле да ја однесе Евридика, но под услов да не се врти кон неа, додека не дојде светлината. Но, додека одел по темната и стрмна патека Орфеј не се воздржал и се обратил кон омилената, а таа одлетала повторно кон подземното царство. Така бил ставен и крај на нивната љубов.4eedc5a15472ddf9293ae4071f41fd39

Пирам и Тисба
Една трогателна, но и тажна љубовна приказна. Пирам и Тисба живееле во Вавилон. Од деца биле неразделни и многу се сакале. Сакале да се венчаат, иако нивните родители не биле согласни. Една ноќ требало да се состанат во околните полиња. Тисба отишла прва на определеното место. Не долго после тоа се појавил лав со раскрварена вилица, кој дошол да ја задоволи жедта.
Тисба веднаш се скрила, но додека бегала, превезот ѝ паднал на земјата. Тогаш дошол и Пирам. Го видел лавот и во близина на него превезот на својата сакана. Веднаш помислил дека Тисба е мртва, зел нож и од очај ставил крај на својот живот.
Кога Тисба излегла од скривалиштето и видела што направил нејзиниот омилен , таа исто такабила скршена и ставила крај на својот живот.

Мари и Пјер Кири
Тоа е приказна за партнери во љубовта и науката. Мари била многу паметна девојка и сакала да го продолжи своето образование во Полска, но оттаму ја одбиле, бидејќи не примале во универзитетите жени.
Мари заминала да учи во Сорбона. Секоја слободна минута таа ја поминувала во читање и во лабораториите. Тогаш Пјер Кири, кој бил директор на една од лабораториите, веднаш ја забележал младата девојка.
Ѝ се додворувал долго и дури ѝ упатил неколку пати предлог за брак. Во 1895 година тие се венчале. Биле среќни и постигнале многу успеси во областа на науката, а биле наградени и со Нобелова награда.7b697c1b72d2e9d3ca1f29383b1fccd2

Шах Џахан и Мумтаз Махал
Во 1612 година, уште девица, Арджуманд Бану се омажила за15-годишниот Шах Џахан, владетел на голема империја. Прекрстена во Мумтаз Махал, таа му дава на Шах Џахан 14 деца и станува неговата сакана сопруга.
Во 1631 година Мумтаз умира за време на раѓање. Џахан толку ја сакал својата кралица што решава во нејзина чест да изгради голем убав споменик – мавзолеј. Во изградбата се заробени 20 000 работници кои ги користатсилите на 1000 слон, а речиси 20 години биле потребни за неговата изградба. Денес тој е познат како Таџ Махал.

Клеопатра и Марко Антониј
Оваа жешка љубовна приказна е една од најпознатите и најинтригантните во историјата. Односот на Антониј и Клеопатра е вистински тест за љубов. Тие се вљубуваат на прв поглед. Односот помеѓу овие две силни личности го прикажува Египет во силна позиција.

Љубовта не била прифатена добро од Римјаните, но и покрај тоа тие се венчале. Во битка против Октавијан, до Антониј стигнуваат лажни гласини дека неговата сакана Клеопатра ја нашла својата смрт.
Тогаш тој се избодел во стомакот со нож. Клеопатра видела како омилениот ѝ умира и не можела да ја поднесе оваа мака. Набрзо откако Египет е преземен, таа се самоубива со змии.

Слики: istock

Слични содржини