Нинџа и Кољо требало да им помогнат на Грујевски и Бошковски во бегството!?

од desk4

Алесандар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо биле логистиката во обидот за бегство на двајцата разузнавачи обвинети од СЈО, Горан Грујевски и Никола Бошковски – потврдуваат за ТВ 24 неофицијални извори од полицијата.

Нинџа и Кољо требало од Бугарија да стигнат во Унгарија, преку Србија за да ги пречекаат Грујевски и Бошковски, по слетувањето во Будимпешта.

Планот им пропаднал, откако српската гранична полиција им забрани влез во државата еден ден пред Грујевски и Бошковски да бидат уапсени во Грција.

ТВ 24 вчера ја објави информацијата дека Василевски и Митревски при обид да влезат во Србија, биле вратени од граничниот премин, а можната причина, познавачите велат дека се крие во потегот на Србија да се дистанцира и да не се инволвира во случувањата во Макеоднија.

 Од српското Министерство за внатрешни работи,  се уште нема одговор  дали биле информирани за вклученоста на Василевски и Митревски во обидот за бегство на обвинетите разузнавачи и дали тоа е причината зошто не им бил дозволен влез. Тие се уште се наоѓаат во Бугарија, велат нашите извори и додаваат дека на потег е обвинителството, кое треба да постапи, откако ќе добие известување од МВР за вклученоста на  Василевски и Митревски во бегството на  Грујевски и Бошковски.

Телевизија 24 коментар за случајов побара и од Основното обвинителство, но оттаму не одговориле на прашањата.

Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо, беа осудувани за неколку кривични дела, а освен тоа беа посочени и како водачи на групата која упадна во Собранието. Три дена по крвавиот настан, тогаш опозициската СДСМ на прес конференција соопшти дека тие се лицата кои ја насочуваат толпата кон пратениците. Од обвинителството велат дека засега двајцата не се опфатени во оваа постапка, но не ја исклучуваат можноста да им се стави на товар и ова дело.

Слични содржини