Врховиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации предупреди дека може во Унгарија да пристигнат уште 42,000 бегалци во наредните 10 дена, пренесоа американските медиуми. Земјата веројатно ќе има потреба од меѓународна помош за да им обезбеди засолништа на границата. Новодојденците веќе се жалат дека се оставени да спијат на поле.

Migrants stand around a fire in a makeshift camp at a collection point in the village of Roszke, Hungary, September 7, 2015.  REUTERS/Marko Djurica
Претставници на УНХЦР посочија дека организацијата испраќа шатори, кревети и термо-облека на границата меѓу Унгарија и Србија, каде во последните два дена бесни групи емигранти од Блискиот Исток, Азија и Африка ги игнорираа полициските наредби и наместо да останат таму се упатија по автопатот Север кон Будимпешта.
– Унгарија сама не може да се справи со претстојниот, уште поголем, бегалски бран, рече на прес-конференција во Будимпешта координатор на УНХЦР.
Во следните 10 дена во Унгарија најверојатно ќе влезат уште 42,000 лица – 30,000 се во Грција, 7,000 во Македонија и 5,000 во Србија.
– Имаме потреба од подобра координација, за да се осигураме дека на границата нема да има хаос, додаде тој, порекнувајќи дека Будимпешта ги оставила луѓето да преноќеваат во многу лоши услови.

Слични содржини