Нов потрес во Грција, епицентарот кај Крит

од desk2

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Јерапетра на островот Крит денеска во 13.36 часот, јавија грчките медиуми.


Епицентарот на земјотресот бил на 44 километри јужно од Јерапетра на длабочина од 10 километри. За сега нема податоци за повредени и причинета материјална штета.

Овој земјотрес се случува по силниот земјотрес што го пооди островот Кос и беше почувствуван во приморските градови на Турција, при што загинаа двајца туристи, а повеќемина беа повредени.

Слични содржини