Нов закон во Швајцарија: Тој што ќе извади кондом е силувач

од Vladimir Zorba

Кривичниот суд во Лозана, Швајцарија, донесе историска одлука. Судиите одлучија дека ако за време на сексуалниот чин мажот одлучи да ги тргне кондомот од половиот огран, без знаење на партнерот, тоа ќе се третира според законот како силување, соопшти Cosmopolitan.

Декретот доаѓа по драматична случка, која трауматизирала млада дама од Швајцарија.

Во јули 2015 година млада Швајцарка се запознава со 47-годишен маж на дејтинг сајт. По втората средба дамата побарала поинтимен контакт со Французинот. За време на половиот акт сепак мажот решил да го тргне својот кондом без да ја информира. Таа не забележала ништо, вели швајцарската телевизија RTS.

По завршувањето на половиот чин жената разбрала дека била излажана. Таа се чувствува осквернета и измамена, поради што решила да го тужи 47-годишниот Французин.

Адвокатот на жртвата изјави на почетокот на случајот дека наведувањето на друг човек кон опасен секс без неговото знаење е чисто силување. Опасностите за измамениот сексуален објект не завршуваат со несакана бременост. Постои веројатност од пренос на венерични болести, инфекции и микроорганизми.

Законите во Велика Британија имаат сличен карактер. При вршење на однос со пенетрација без заштитни средства, при што едниот партнер не е информиран за опасноста за виновниот се заканува глоба, јавен укор и затвор.

Слични содржини