Нов земјотрес почувствуван во охридско

од desk2

Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 13:33 часот во Охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката оперваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Од 18 јуни до денеска во Охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби со Рихтерова магнитуда од 1 и 2 степени. Најсилниот се случи на 20 јуни во 15:10 часот и беше со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер.

Слични содржини