Водачот на главната опозицона партија во Грција предложи доцна во четвртокот да учествува во составувањето на новата владејачка коалиција, ако на крајот на неделата се покаже дека пратениците на радикалната левица СИРИЗА и националистичките партнери од “Независни Грци” не одобрат евентуален договор со доверителите.

SAM

Андонис Самарас беше во Брисел на состанок на лидерите на Европската народна партија. Таму тој изјави дека ако парламентарното мнозинство се распадне при гласањето, “Нова демократија” е подготвена да им помогне на СИРИЗА.

Идејата му е двете најголеми партии десно и лево од центарот да формираат широка коалиција. Еден од условите за тоа е премиерот Алексис Ципрас и Самарас да не учествуваат во владата.

Реакцијата на СИРИЗА беше итна – дека нема да учествува во никакви преодни влади, слични на она на поранешниот централен банкар Лукас Пападимос од крајот на 2011 година и почетокот на 2012г. “Додека Владата и премиерот водат тешка битка, Самарас ни ги споделува тајните желби. Тој сака влада со премиер, чија задача ќе биде да го потпише и примени она за што инсистираат доверителите”, се вели во соопштението на партијата, цитирано од “Катимерини”.

Против се огласи и лидерот на малата десничарска партија To Potami, кој исто така беше во Брисел во средата. “Алексис Ципрас има сосема неодамнашен мандат од грчкиот народ и духот на одмазда нема место во политичкиот живот, особено во сегашното судбоносно време”, рече Ставрос Теодоракис по повод идејата на претходниот премиер.

Слични содржини