Објавени имотните листови на Заев и Таравари

од Vladimir Zorba

Заев немал ништо , се било на име на татко му , и Таравари исто само кола на свое име.

  
Државната комисија за спречување корупција ги објави имотните листови на премиерот Зоран Заев и на министерот за здравство Арбен Таравари.Според поднесениот анкетен лист на Заев, како премиер, на свое име има само даден заем во висина од речиси 70 илјади евра. Се останато е во сопственост на неговите родители.
Што се однесува до анкетниот лист на актуелниот министер за здравство, Таравари, тој пријавил само „волво“ вредно речиси 49.000 евра и неколку денарски депозити.
Претходно беше објавен имотниот лист на потпреседателот на владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, чие богатство е проценето на околу 28 милиони евра, за што тој вели дека се гордее со заработеното како дете на стечајни родители.

Слични содржини