ОБНОВЕНА: Зошто лисиците му кликнаа и на Чавков

од Vladimir Zorba

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР Митко Чавков

 

Апсењето  на Чавков е по отворена истрага за насилствата од 27 април во Собранието, каде од пониските структури од МВР беше посочен дека 2 часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците од СДСМ и на други пратеници и новинари . Се шпекулира дека тој тогаш ги извршувал наредбите на штабот на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски наместо на министерот на МВР.

 
 На 27-ми април Чавков ја извршуваше функцијата директор на Бирото за јавна безбедност на МВР и раководител на штабот на МВР за протестите на За заедничка Македонија. Протестите по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието кулминираа со упад на демонстрантите внатре во Парламентот, откако пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски ги отворија вратите.

Чавков во моментите на насилствата во Собранието речиси два часа не му се јавувал на министерот Агим Нухиу. Првично Чавков тврдеше дека „бил со колегите на терен поради ситуацијата“. Но потоа истрагата откри дека за време на упадот и додека не се јавувал на Нухиу, бил во центарот на Скопје на стотина метри од Собранието. Неговиот мобилен телефон е лоциран на три базни станици во Центар (ВМРО, Италијанска амбасада и Алмако), а по објавувањето на веста Чавков тврдеше дека во центарот на Скопје бил од приватни причини.

Чавков никогаш не даде исказ или изјава за инцидентите и лошата полициска реакција на 27-ми април кога во Собранието од толпа пуштена во Парламентот, беа нападнати и тепани пратеници, новинари и обезбедувачи. Пред комисијата на МВР одбил да даде изјава затоа што им рекол дека тој е назначен од владата за директор и одговара во влада. Потоа Чавков зеде одмор и замина во пензија.

Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

Слични содржини