Група пратеници од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ предложија  закон за престанок на важноста на законот за лустрација.

lustracija3

Според текстот на предлог законот, од 1-ви септември 2015, комисијата за верификација на факти, нема да има мандат да покренува нови постапки а они што се отпочнати ќе се завршат според постојната регулатива. Лицата кои добиле конечни решенија, како соработници на органите за државна безбедност, нема да имаат право на вршење јавна функција во период од 5 години.

Со овој предлог закон се бара од комисијата да го предаде регистерот на соработниците и целокупната документација на државниот архив.Мандатот на комисијата ќе заврши со конечното завршување на отпочнатите постапки.Досега Комисијата за лустрација утврдила соработка со органите за државна безбедност на над 300 лица, а проверила повеќе од 30 илјади лица носители поранешни носители на јавна функција, јавна дејност или со јавни овластувања сегашни носители на функции, како и кандидати за јавни функции

Преиспитувањето на целиот процес на лустрација беше препорачано во последниот извештај на експертскиот тим на Европската Комисија.

Слични содржини