Одложено судењето за мобинг, Панчевски не се појави

од Vladimir Zorba

Одложено судењето на експретседателот на Кривичен, судијата Владимир Панчевски по тужбата за мобинг поднесена против него од Горан Стаменковски од Одделението за човечки ресурси.

„Имаме материјални докази и сведоци со кои ќе потврдиме дека Владимир Панчевски како поранешен претседател на Кривичниот суд Скопје 1, вршел мобинг врз Горан Стаменковски. И покрај тоа што Панчевски имаше уредна достава да се појави пред судот, тој не дојде што претставува игнорирање на судот како институција и кон нас како колеги“, изјави адвокатот на тужителот Стаменковски, Душко Јанковиќ.

Слични содржини