Компанијата МАРС најавува дека на ниво на ЕУ ги повлекува од пазарот производите [SNICKERS®, MARS® MILKY WAY® и CELEBRATIONS®] по пронаоѓање парче пластика во еден од производите.

mars-and-snickers-580x326

Повлекувањето на чоколадите се однесува само на производите кои се произведени во фабриката во Холандија. Ова е изолиран случај кој се однесува само на горенаведените производи кои се произведени во фабриката во Холандија. Ниеден друг тип на чоколади, друго пакување, големина на чоколадите, серија на производство, рок на употреба или производ кој е произведен на други локации не се засегнати со овој случај.

Во согласност со нашиот интерен механизам за следивост, можеме да потврдиме дека MARS South Central Europe нема пласирано на македонскиот пазар ниеден од горенаведените производи.

Слични содржини