Оливер Стоун вклучи тревога: Хилари е “царица” на хаосот! Таа е виновна за бегалската криза

од Vladimir Zorba

Ако Клинтон победи, САД ќе тргнат по опасен пат, изјави познатиот режисер20120314-qgjpjmhuhq

САД ќе тргнат по опасен пат при победа на поранешниот државен секретар Хилари Клинтон на претседателските избори на 8 ноември. Таквото мислење изрази американскиот режисер, добитник на наградата “Оскар”, Оливер Стоун, цитиран од АФП.
“Да не заборавиме дека Клинтон ја поддржа војната во Ирак и како државен секретар помогна за уништувањето на Либија”, вели тој во интервју за француското списание “Нувел обсерватор”.

Режисерот, чиј нов филм “Сноуден” излегува во Франција следната недела, смета дека овие решенија  создале уште поголем хаос, целосна дестабилизација и бегалскиот проблем.

Стоун, кој ја  нарече кандидатката на демократите “царица на хаосот”, обвини САД дека се обидуваат да бидат светски полицаец на  глобализираната американска империја, посочува АФП.

Слични содржини