„Обединети за Македонија најостро го осудува вчерашното однесување на потпретседателот на владата, Пешевски и бара негова неотповиклива оставка, а воедно и најстрого правно санкционирање, бидејќи од позиција на највисок државен функционер не смее да си дозволува своеволно делење на правдата врз било кое друго лице.

обединети

Реакцијата на ДПМНЕ за негово правдање ја оценуваме како незаконска и мафијашка.

Воедно го поддржува завчерашниот постигнат договор меѓу опозицијата и власта за формирањето на Влада без Никола Груевски, како успех на целата опозиција и целата меѓународна заедница за да се скрши диктаторското јадро на овој режим.

Претстои многу работа до претстојните предвремени парламентарни избори во 2016-та година. Но, Обединети за Македонија уверува дека тогаш и дефинитивно ќе му се стави крај на владеењето на овој режим. Народот токму тогаш и ќе го казни, за да никогаш и не помислат да се вратат на политичката сцена.

ОМ заедно со сите коалициони опозициски партнери, предводени од СДСМ, ќе се залага во периодот кој ни претстои, за да на чесен начин се организираат изборите, зошто навистина во Република Македонија има и чесни луѓе, кои и сакаат добро на татковината, кои не мислат за криминални активности.

Од голема важност за сите нас ќе биде претстојниот избор на новиот независен јавен обвинител, кој ќе треба да ја врати и довербата и кредибилитетот во сопствената институција, за да никогаш повеќе не се повторат случаи како оној со нашиот лидер Љубе Бошкоски“

Слични содржини