Опасноста од војна на највисок степен: Ким им забрани на граѓаните на Северна Кореја да пијат алкохол, да пеат и да се забавуваат

од desk2

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун забранил пеење, пиење на алкохол и секаков вид на забава во државата, тврдат од јужнокорејската Национална разузнавачка служба.


Од Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја тврдат дека севернокорејскиот лидер се одлучил на вакви мерки поради „стегањето на ременот“ после новите санкции на Обединетите нации и со цел да спречи било каква побуна на своите граѓани.

Од друга страна, аналитичарите сметаат дека ова е сосема логичен чекор откако властите од Пјонгјанг соопштиле дека земјата е во голема опасност поради трите американски носачи на авиони кои што се наоѓаат „во опасна близина“ на брегот на Северна Кореја и се подготвени да нападнат.

Овој извештај на Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја е објавен после изјавата на кинескиот амбасадор во Велика Британија дека санкциите против Северна Кореја се „средство, а не цел“ и дека не би требало на севернокорејците да им се наметнува ново ембарго.

Од Националната разузнвачака служба на Јужна Кореја порачаа дека „иако нема знаци за подготовки на нови нуклеарни тестирања, сепак такво нешто е можно во секој момент“, со оглед на непредвидливоста на севернокорејскиот лидер.

Јужнокорејските разузнавачи исто така предупредија дека Северна Кореја до крајот на оваа година би можела да развие интерконтинентална балистичка ракета која што би можела да има домет до територијата на Соединетите Американски Држави./Точка

Слични содржини