Ослободена Рака, уште еден пораз за Исламска држава

од desk2

Војската на сириските и курдските бунтовници SDF денеска ја ослободи Рака, поранешниот де факто главен град на терористичката Исламска држава.

 

Армијата на SDF (Сириски демократски сили) кои ги поддржуваат САД ги ослободи и последните квартови на центарот на Рака во која последните седмици престојуваа оружени припадници на Исламска држава, пренесува Independent.

Рака се наоѓаше во рацете на ИД од 2014 година, а акцијата на SDF за заземање на градот траеше од јуни. Градот служеше како отскочна даска за терористичката операција во Сирија и во Европа.

 

Припадниците на војската го зазедоа стадионот и градската болница каде припадниците на ИД ги држеа последните положби пред да биде постигнат договор за предавање.

Исламска држава забрзано ја губи територијата во Сирија и во Ирак благодарение на здружените воени потфати на различни често спротивставени воени формации.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=sOL70_URjD4

Слични содржини