Ослободени двајца осудени од „Шпион“

од Vladimir Zorba

Укината е мерката притвор за двајца осудени во предметот „Шпион“, одлучи Апелациониот суд. Во соопштението на Основниот суд е наведено дека вчера по добивањето на решението од Апелациониот суд, и двајцата осуденици се пуштени на слобода.

430f8676-dc90-431b-ba77-d7fb1deb3678_w987_r1_s

Откако Основниот суд донесе пресуда со која сите 19 обвинети се осудени со казна затвор, предметот е на разгледување во Апелација, со што пресудата се уште не е правосилна.

На последната јавна седница, Специјалното јавно обвинителство по однос на жалбите на обвинетите побара од Апелациониот суд намалување на казните за сите обвинети.

Станува збор за осудениот Цветан Дамјановски кој судот го прогласи за виновен за злосторничко здружување, уцена, и недозволено изработување и тргување со оружје и Миќо Насковски кој е прогласен за виновен за измама, злосторничко здружување и уцена.

Првиот беше осуден на 6 години и 6 месеци казна затвор, додека за вториот осуден беше одредена мерка казна затвор во времетраење од 4 години. Тие досега минаа над 3 години во притвор.

Специјалната јавна обвинителска Катица Јанева на вториот ден од собраниската расправа за работата на СЈО во изминативе 6 месеци изјави дека сите притворени во процесот „Шпион“ треба да се ослободат бидејќи имало луѓе кои со години биле во притвор.

Во аферата „Шпион“, под обвинение за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба и уцена, на затворски казни во траење од една до 15 години беа осудени 19 лица.

Слични содржини