Осум писма на Ајнштајн на аукција

од Vladimir Zorba

Писмата на Алберт Ајнштајн, со кои во 50-тите години на XX век го презентира пред колега размислувањето за физиката, Господ и Израел, беа купени за 210 илјади долари, објави во вторникот АФП. Осумте писма, напишани на англиски меѓу 1951 и 1954, повеќето адресирани до Дејвид Бом, се потпишани од раката на Ајнштајн и во некои од нив има ракописни забелешки. Во писмото, кое достигна највисока цена – 84 илјади долари (75 500 евра), Ајнштајн нагласува дека “ако Господ го создал светот, неговата главна грижа сигурно не била да го направи лесно разбирлив за нас”.

Еврејскиот универзитет во Ерусалим има најбогатата колекција во светот од документи на вежби.

Во друго писмо, продадено за 50 400 долари (45 300 евра), тој  расудува за врската утврдена од Бом меѓу квантната теорија и теоријата на релативноста. “Морам да признаам дека не сум во можност да погодам како може да се стигне до тоа обединување”, пишува Ајнштајн.

Во печатените на машина букви се содржи формула, грижливо напишана на рака.

Дејвид Бом, роден во САД во семејство на еврејски емигранти, работел со Ајнштајн на Универзитетот Принстон, пред да избега во Бразил, откако ја изгубил функцијата поради ловот на вештерки – политика за прогон на комунистички идеи инспирирана од сенаторот Џозеф.

Аукциската куќа Winners посочи дека писмата се од наследството на починатата вдовица на Бом.

Нобеловиот лауреат по физика Ајнштајн, кој го одбил предлогот да застане на чело на новата држава Израел, тврди дека тогаш не бил моментот да се донесе таква одлука.

“Израел е интелектуално жив и интересен, но има премногу ограничени можности и да се оди таму, со намера да се тргне повторно при првата можност ќе биде достојно за жалење”, пишува тој.

Бом конечно станува во 1955 година визитинг професор на реномираниот Технолошко институт во Хаифа, во северниот дел на Израел.

Ајнштајн е во управата на Еврејскиот универзитет во Ерусалим. Кога починуа во 1955 година тој му ја  остава архивата и универзитетот ја има најголемата колекција во светот од документи на вежби.

Слични содржини