makedonska-policija-580x350-1

СВР Штип до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против Д.И.(43) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“. Имено пријавениот во временски период од 2011 заклучно со 2014 година со цел да се стекне со противправна имотна корист, поттикнувал и организирал патување на поголем број државјани на Република Македонија во државите членки на Европската унија и Шенгенскиот договор, со цел лицата да се стекнат со социјални и економски права спротивно на прописите на Европската унија и на Шенгенскиот договор. Пријавениот транспортот на граѓани од општина Штип го вршел со возило „ Шаран“ на начин што им ветувал дека ќе добијат стаус на азиланти во држава на ЕУ, за што противправно им наплатувал парични средства од 400-500 евра.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Р.(21) и А.В.(21), двајцата од Тетово за сторени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои три во обид. Пријавените, во периодот од март до ноември 2014 година на градското подрачје во Тетово, со употреба на физичка сила и погодни предмети извршиле пет тешки кражби во куќи, при што одзеле златен ланец, 70 евра, мобилен телефон и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 59.000 денари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Е.(37) од с.Ларце, тетовско, за сторено кривично дело „давање лажен исказ“. На 20.12.2014 година, пријавениот во управните служби во СВР Тетово доставил барање за издавање на патна исправа. Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот претходно извршил промена на личното име при што дал лажен исказ дека претходно издадената патна исправа му била изгубена, а всушност истата била предмет на кривично дело „фалсификување документи“ во Унгарија.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против П.Р.(52) од Прилеп, овластен проценител за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на февруари 2014 година е поведена постапка за спроведување стечајна постапка на фирма од с.Десово, при што пријавениот бил одреден да изврши проценка на имотот на фирмата. По ова, пријавениот изготвил писмен извештај за проценка на две дробилки за мелење хартија, лажно прикажувајќи дека истите се оштетени, односно вредоста им е многу помала од реалната. По ова, дробилките биле продадени на приватно лице, а пријавениот и нанел штета на фирмата од 185.000 денари.

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Х.(20) од Велес за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 20.07.2014 година, во 01,30 часот во Прилеп од страна на полициски службеници е извршен преглед над пријавениот, при што се пронајдени 0,63 грама марихуана и 0,28 грама амфетамин.

Слични содржини