Пет судии обвинети од СЈО останаа без имунитет

од desk2

Судскиот совет на седница затворена за јавност донесе одлука да им го одзеде имунитетот на петмина судии обвинети за злоупотреба на службената положба во предметот „Титаник“.

Неофицијално, станува збор за управните судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзулаи.

Кривичната судијка Верка Петковска побарала од Судскиот совет мислење за тоа како да постапи по прашање на судискиот имунитет на кој се повикуваат петтемина судии од Управниот суд, а за кои Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинение за сторена злоупотреба на службена должност и овластување во случајот „Титаник“./Макфакс

Слични содржини