Петмина уапсени за обид за убиство врз Зијадин Села

од desk2

Јавното обвинителство денеска извести дека за постапката што се води во Основното јавно обвинителство во Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе наредба за проширување на истрага за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

„Петте лица, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица“ извести ОЈО.

Во немилите настани на 27 април во Собранието на Македонија,повеќе пациенти беа хоспитализирани во Ургентниот центар во Скопје. Најтешко повреден во инцидент беше лидерот на ДР-ДПА Зијадин Села, кој откако беше евакуиран од Собранието, заврши на ургентниот центар на Клиниката „Мајка Тереза“.

https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/463017257367834/

Слични содржини