Скандалот избувна по ширењето на информации дека британската компанија ги собрала личните податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук без дозвола од социјалната мрежа.

Комисијата објави во соопштението дека започна со истражување на овие практики , кои предизвикуваат сериозна загриженост.

Минатата недела, Велика Британија, исто така, објави дека започнала истрага за Кембриџ Аналитика.

Само денес, акциите на Фејсбук паднаа за повеќе од 5%, а минатата недела околу 13%, или околу 18 проценти потонаа акциите по скандалот кој го призна и сопственикот Марк Цукерберг.