Под сенката на кризата Мијалков влегува во нафтената индустрија

од Vladimir Zorba

Во септември 2015 „Призма“ пишува дека двајцата синови на Мијалков заедно ја формираат градежната компанија „Бест Веј Инвестмент“.

saso-777x437

НОВАТВтрагаше по адресата на којашто е регистрирана оваа компанија, Орце Николов број 71-1. Во скопско Дебар Маало лесно ја пронајдовме зградата. Но на таа адреса се наоаѓаат две државни институции – Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати и Агенцијата за стокови резерви.

Пари и врски

Управител на „Бест Веј Инвестмент“ е 25 – годишниот Илија Тозија. Илија Тозија приватно е пријател на Јордан Мијалков. Дел е од раководството на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ, а членува и во Надзорниот одбор на Државната видео лотарија како претставник на капиталот на владата.

 Оваа компанија нема никакви активности се до 5 јануари годинава кога за 5,000 евра ја купува компанијата „Ом Петрол Оил“ од Масер Омерагиќ којшто според изворите на НОВАТВ, но и некои написи на интернет, е роднина на судијката Софија Лаличиќ. Таа е позната од „бомбите“ во коишто можеше да се чуе како Сашо Мијалков и соопштува дека е избрана за судија и дека „таа работа е средена“.

Директор на „Ом Петрол Оил“ е извесен Васил Донаков којшто од 2011 е вработен на неопрделено време како правник во Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор во сопственост на Владата. „Ом Петрол Оил“ поседува и лиценца од Регулаторната комисија за енергетика. Според законите, за да добиеш лиценца за трговија со нафта мораш да поседуваш соодветна инфраструктура. Мијалков од компанијата „РТ Транслогистик“ има договор за закуп на резервоар за нафта за период од 10 години којшто се наоѓа во Ржаничино, Петровец. Во оваа компанија сопственик е семејството на Омерагиќ, додека самиот Масер е директор.

Сторијата во целост прочитајте ја тука

Слични содржини