Помош од Куманово за настраданите во невремето во Скопје

од Vladimir Zorba

 

Општина Куманово испрати две противпожарни екипи и уште една екипа од ЈП „Водовод“ со три лица  за интервенција во зафатеното подрачје од невремето што синоќа го зафати Скопје и првична помош на засегнатото население.nevreme-24

– Претпладнево одржавме состанок во општина Куманово со надлежните од локалната власт и јавните претпријатија од градот и испративме две возила од ТППЕ Куманово со осум луѓе, две пумпи и едно возило-цистерна за извлекување вода со екипа од тројца вработени од  ЈП „Водовод, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Илиевски нагласи дека ова е првична помош од општината и дека надлежните институции од општината се во состојба на подготвеност и ќе се чека на насоките на надлежните институции за каква било понатамошна интервенција и помош за граѓаните од засегантото подрачје по синоќешното невреме кое го зафати Скопје.

Денеска и граѓаните преку социјалните мрежи се организираат да помогнат на населението од зафатените подрачја.

Унијата на жени и Унијата на млади сили од ВМРО-ДПМНЕ Куманово, денеска на градскиот плоштад организираа собирна хуманитарна акција за населението кое претрпе штети од невремето што го зафати Скопје. Акцијата информираше потпретседателот на Унијата на млади сили на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Перовиќ започна во 14 и ќе трае до 19 часот.

– Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите граѓани кои што се во можност да донираат вода или хигиенски средства кои ќе ги поделиме на настраданите семејства, изјави Перовиќ

Слични содржини