Попоски “најавува нешто” !? Обвинувањата од Атина за иредентизам ќе престанеле за неколку недели или месеци

од desk3

Утрешната посета на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, на земјава, е показател за зголемената политичка комуникација и дел од мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, изјави денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, пред почетокот на Амбасадорскиот совет, кој ќе се одржува во наредните три дена.

1688862_954712267873434_8871749680613863161_n

Попоски истакна дека учеството на Коѕиас на состанокот испраќа јасна порака дека Македонија сака да биде фактор за стабилност на регионот.

На прашањето дали спорот за името ќе биде тема на средбата со Коѕиас, Попоски рече дека тоа е малку веројатно.

Во однос на реториката на Атина, која ја обвинува Македонија за иредентизам, Попоски изјави дека нема илузии оти таа ќе престане за неколку недели или месеци. Сепак, тој истакна дека е направен сериозен напредок на терен за продлабочување на соработката во областа на образованитето, економијата и на енергетиката.

 

МЕТА

Слични содржини