Поранешна цимерка на Меланија Трамп открива голема тајна за првата дама на САД

од desk2

 

Викторија Силвестен, поранешна цимерка на Меланија Трамп, е некој кој ја знае првата дама на САД многу добро, и ота од времето пред убавата Словенка да стане светски позната.

Оваа шведска манекенка, која во 1997 година стана „Playboy playmate of the year“, токму таа година живеела заедно со Меланија во стан во Париз, каде двете се труделе да бидат манекенки со успешна кариера.

Викторија неодамна откри голема тајна за Меланија која наводно никогаш не сакала да коментира во јавноста. Таа објасни зошто Меланија има силен нагласок кога зборува англиски. На првата дама и се потсмеваат за нагласокот, а Викторија вели дека таа не се дружела и не успала да го поправи нагласокот.

Според Викторија, силниот балкански нагласок на Меланија се должи на недруштвеноста и повлеченоста.

„Таа никогаш не сакаше внимание. Беше многу тивка и повлечена. Да разговараше повеќе со луѓето и да го користеше англискиот јазик, нејзиниот нагласок сигурно ќе се подобреше, но таа не сакаше да се труди“, вели Викторија.

Поранешните цимерки се сретнаа и разговараа минатата година, кога Викторија заклучи дека Меланија не се променила никогаш.

„И понатаму е истата. И понатаму сака луксузни работи, и понатаму го има тој ужасен нагласок“, вели таа.

Слични содржини