Пороен дожд и грмежи во попладневните часови во западните и северните делови од Македонија најавуваат синоптичарите.

Поради поголема нестабилна облачна маса која од Косовосе спушта кон Македонија во попладневните часови се очекува пороен дожд и грмежи кои наместа ќе бидат поинтензивни.

И во делови од Скопската котлина и околните планини во следните часови ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Околу 15 часот нестабилно е во крајните западни делови и околу планината Јакупица.

Слични содржини