Сопственик на една берберница во Лисабон предизвика жолчна контраверзија во јавноста со тоа што на вртатата на неговиот локал истакна табла на која пишува дека влезот е дозволен за кучиња, но не и за жени.

IMG_1472

Берберницата „Фигаро“, како што јави „Курије интернационал“, која ја отвори Фабио Маркес минатиот јуни во главниот град на Португалија, особено го навлече на себе бесот на феминистките кои неодамна организирале „акција на лаење“ во знак на протест против она што го сметаат за „ретроградно однесување“.

Маскирани со глави од кучиња, една група жени влезе во берберницата и лаеле пред муштериите, а видео снимката овој „препад“ е објавен наредниот ден на интернет.

Маркес во изјавата за весникот „Дијарио де Нотисијс“ рече дека станува збор за шега и дека немал намера никого да навреди.

– Услугите кои ги даваме наменети се само за мажи, а присуството на жени во локалот е непотребно, рече лисабонскиот бербер.

– Тоа е чиста мизогенија која опасно се промовира како маркетиншки трик, одговорија феминистките и потсетуваат на законот од 12 март 2008 година каде јасно се забранува дискриминација врз основа на полот.

Слични содржини