Според анкета за време на референдумот во неделата грчките гласачи ќе ги одбијат предлозите кои меѓународните кредитори ги упатиле кон Грција во рамките на напорите за потпишување на договор.

баки грц

Според истражувањето објавено во грчкиот весник Efimerida Ton Synatkton, 54% од гласачите ќе одбијат договорот, додека само 33% ќе го поддржат.

Истражувањето е направено во рамките на неколку дена, опфаќа периодот пред и по објавувањето на мерките за контрола на капиталот, кои ги принудија банките во Грција да ги затворат вратите.

Анкетата покажува дека пред воведувањето на мерките 57% од Грците го отфрлија договорот, додека потоа овој процент е намален до 46%.

Во исто време луѓето кои би гласале за поддршка на договорот со доверителите, се зголемија од 30% на 37%.

Уделот на воздржани с пак се зголеми од 13% на 17%.

Слични содржини