Се очекува околу 200 лица да бидат евакуирани од уништениот град во три автобуса. Тие ќе бидат пренесени до контролираната од бунтовниците територија.

Според Сириската опсерваторија за човекови права, меѓу евакиираните од градот нема борци на бунтовниците. Ал Фарук Абу Бакр, преговарач од страна на опозицијата, увери дека конвојот ќе се состои само од повредени луѓе, нивните придружници и други цивили.

Според него, вооружените борци ќе бидат евакуирани по првиот или вториот конвој. Русија соопшти дека бунтовниците ќе бидат транспортирани со 20 автобуси и 10 амбулантни возила по коридор кон Идлиб. По наредба на претседателот Владимир Путин, војници ќе го придружуваат конвојот од градот.

Москва ги увери дека сириските власти ќе им ја гарантираат безбедноста на бунтовниците и нивните семејства и додаде дека дронове ќе го набљудуваат движењето на конвојот.