Принцот Филип итно однесен во болница

од desk2

Принцот Филип превентивно е пренесен во болницата „Кинг Едвард VII“ во Лондон, каде ќе се лечи од инфекција која е последица на неговите сегашни здравствени тегоби.


Принцот Филип (96) е одведен во болница, соопшти Бакингамската палата. Војводата од Единбург е добро расположен и ќал му е што нема да може да ја следи кралицата Елизабета II на традиционалната свеченост за отворање на парламентот.

Кралицата ќе одржи говор на свеченоста, а место Филип со неа ќе биде принцот Чарлс, принцот од Велс. Кралското семејство соопшти и дека од есен принцот Филип нема повеќе да обавува јавни долчности.

„Војводата веќе нема да оди во посети, но од време на време ќе оди на настани што сам ќе ги избере“, соопштија од палатата.
Принцот во последните години неколкупати беше хоспитализиран. Пати од болки во градниот кош поради запушена коронарна артерија. Пред шест месеци му беше вграден стент со кој е спречен срцев удар. Војводата од Единбург и во 2008 година поради инфекција на дишните патишта беше во болница.

Слични содржини