По една недела пауза поради завршниот турнир во Купот на Македонија нашите најдобри екипи денес ги продолжуваат натпреварите во Првата кошаркарска лига.

hitportal-makedonska-prva-liga

Двете најинтересни средби од 18 коло ќе се одиграат во Скопје. Во„Јане Сандански“ претстои  реприза на полуфиналето од купот, шампионот МЗТ Скопје Аеродром го пречекува Кожув, додека во„Градскиот парк“ гостува Фени Индустри.
Куманово со нов тренер ја пречекува Струмица, а Карпош Соколигостува во Гевеглија кај Бест.
Двојки 18.коло:
17 часот: Работнички – Фени Индустри,
18 часот: Бест – Карпош Соколи,
19 часот: Куманово – Струмица.
Дополнително ќе биде одреден терминот за средбата МЗТ Скопје Аеродром – Кожув.
Табела: МЗТ Скопје 32 бода, Карпош Соколи 30, Куманово 29, Фени Индустри 27, Кожув 25, Работнички 24,Струмица 20 и Бест 17./МИА

Слични содржини