Против Груевски сега се и неговите кои до вчера го фалеа и од уста не го вадеа

од Vladimir Zorba

 Пандов, Нонковиќ… 

 

Нкола Груевски дефиниитвно треба да си даде оставка. Први тоа му го побараа реформското крило од партијата и неистомислениците вмровци , и тоа не е за неочекување. Но толку беше и со неговите, како што вели народот кои ги „ранеше“ Сега ќе почнуваат да се изјаснуваат и неговите мегафони, а сончогледите се нормална појава. Тие кои до вчера го фалеа сега почнаа да го прозиваат, и да најмалку кажано е перверзија таквото однесување во македонската политика, т.н вртикапи,  или  можеби тоа ќе се спакува под демократија  !?  Како и да е се тоа ќе го гледаме , слушаме и читаме деновиве. Во пакет со губитник и пораз секогаѓ одело оставка , ама Груевски само најави дека ќе се преслушувал, по вториот круг.

Сепак  песната за прозивка, одговорност и оставка веќе му ја  запеаја.

Неговиот дневен  „аналитичар“ Александар Пандов во интервју за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 зборуваше за тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ на првиот круг од локалните избори изгуби 120 илјади гласови во споредба со декемвриските парламентарни избори и зошто СДСМ остана на истото ниво.

 

Во изјавата на Груевски по првиот круг од локалните избори, Пандов на огромно разочарување гледа дека Груевски ја подотворил вратата за напуштање на претседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ, нешто кое, според Пандов, не се очекувало во  партијата.

Пандов очекува ситнење на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот со партиски прелети вообичаени, во постизборни периоди како и појавување на фракционерство во ВМРО-ДПМНЕ.

 -СДСМ го има истиот резултат од последните избори, а ВМРО-ДПНЕ изгуби 120.000 гласови. Бројот на добиени општини укажува дека СДСМ е победник, а ВМРО-ДПМНЕ е губитник. Анкетите укажуваа дека ќе има рамноправна битка, затоа сум изненаден. Резултатите од синоќа не покажаа мала разлика. Се над 50.000 гласови е сериозен пораз. Јасно беше дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е намален. Кога се движам меѓу луѓето гледам како тие реагираат. Претходно ме поздравуваа, а во овој период луѓето вратат глава од мене и прашуваат што се случи, рече Пандов.

 

   Еве го почетниот дел на таа долга статија под наслов „УСПЕШЕН КРАЈ НА ПОЛИТИЧКИОТ ИНЖЕНЕРИНГ“:

„Да, да, тоа синоќа што се случи не е ништо друго освен успешен крај на политичкиот инженеринг. За сценаристот, режисерот, шминкерот, светло и тон мајсторот… и што е најважно – за актерите што успешно ја одиграа својата улога во овој проект!
Единствени поразени и оставени со подзината уста се само македонскиот народ и Република Македонија!

И сега веднаш ќе речат: „Аааа, Бобан сака да го правда и вади ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за големиот пораз и сега влегува во филм“!

Не!
А, знаете зошто?

Бидејќи главниот виновник за успешно спроведениот инженеринг е Никола Груевски! Свесно или несвесно, тој си знае, но се надевам иднината ќе ни го даде барем тој одговор.

Тој дозволи целата оваа психолошко-агентурна операција да се одвива изминатите три години, без ниту еднаш да се обиде да одигра нешто контра сценариото на оној што го напишал, ниту да одигра нешто свое, наспроти насоките од режисерот. Одбра сервилност, се разбира со цел да ја спаси својата слобода (вели и да ја спаси Македонија од сириско сценарио, но тоа нема никогаш да дознаеме дали навистина е така), а се му се врати најлошо, бидејќи го изгуби најсилниот адут – НАРОДОТ!

Сега веќе ќе ја нема мантрата; „Со нас е народот, мнозинството народ“!

Избиен е и тој адут на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и сега е се подготвено за негов недостоен политички погреб, како и на целото раководство, Извршен и Централен одбор на партијата и воопшто на сите структури во „Белата куќа“ во центарот на Скопје“.

Слични содржини