Психолозите одредија четири причини зошто луѓето пијат

од desk2

Психолозите дефинираа четири вида алкохоличари, односно четири главни мотиви поради кои посегнуваме по чашката. Истражувањето е спроведено за да им се помогне на алкохоличарите во одвикнување.

Напоменуваат, луѓето не мора да припаѓаат само на еден тип алкохоличари. Според психолозите овие се четирите главни групи.

1. Социјализација

Ова е најчест мотив за конзумација алкохол кај младата популација. Пијат за да се забавуваат и секогаш пијат во друштво.

2. Прилагодување

Луѓето ќе си налеат чаша шампањско за да наздрават или ќе држат чаша вино в рака за да се прилагодат на ситуацијата, односно да не се чувствуваат нелагодно поради околината која пие.

3. Охрабрување, поттик

За разлика од социјализацијата, овој вид алкохоличари се полни самодоверба па често знаат да бидат агресивни и импулсивни.

4. Начин на носење со стрес

Во оваа група најмногу има жени, кои имаат лошо мислење за себе и малку самодоверба и се борат со анксиозност и депресија.

Научниците советуваат, следниот пат кога ќе посегнете за чашка алкохол, размислете зошто го правите тоа.Ако тоа е начин да се опуштите по напорен ден и да го поминете времето во пријатно друштво друштво, само напред. Но, ако пиете редовно се будите мамурно, побарајте помош.

Слични содржини