Претставници на четирите политички партии, потписнички на договорот на Хан и вчера и денеска ќе финишираат  за прашањето за специјален обвинител, кој ќе работи на истрагата за наводите што произлегоа од содржината на прислушуваните разговори, кои ги објави СДСМ.

клуб пратеници

На средбата, тимот на СДСМ го предводеа Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Рената Тренеска-Дескоска, додека од страната на ВМРО-ДПМНЕ, се постојаното дуо, Никола Попоски и Никола Тодоров. Претставници од ДУИ се Муса Џафери и Артан Груби, а од ДПА е Имер Алиу.

Овој пат, на средбата, освен главниот преговарач Питер Ван Хојт, претставници на ОБСЕ и на мисијата на Европската унија во Македонија, присуствува и претседателот на Меѓународната комисија на обвинители и член на Венецијанската комисија, Џејмс Хамилтон, кој би требало да посуштински да го води овој процес   и да ги претстави конкретни искуства и примери за избор на специјален обвинител.

van

Специјалниот обвинител, кој ќе има целосна автономија,  треба да биде избран до 15 септември.

Денешната средба на работните групи е последна за неделава. Од утре претставниците на политичките партии заминуваат на двонеделен  одмор, а следната средба е закажана за 17 август..

Слични содржини