Рашковски: И утре и во наредниот период мојата енергија е насочена кон желбата, Македонија 30-та членка на НАТО

од desk3

 Новиот генерален секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски преку неговиот Фејсбук профил испрати демант за обвинувањата кон него.

„Уште овој демант на крајот на првиот успешен работен ден.

Ораторската вечер е уметнички настан на кој се вреднуваат ораторските способности. Во моментот кога настапував и бев награден, ми се падна да зборувам против НАТО. Таква ми била среќата. На мојот колега му се падна да зборува афирмативно. На ораторската вечер имаше тогаш 3 категории:

1. Слободни говори во која учесниците може да зборуваат на која сакаат тема
2. Говори – про ет контра, на која учесниците по пат на жтрепка треба да презентираат говор ЗА или ПРОТИВ однапред дадени теми
3. Веќе готови историски говори

Говорите ги пишувавме заедно со актери, кои особено на категоријата ЗА или ПРОТИВ сакаа да има дијаметрални ставови.

Инаку мојот став за НАТО е –И утре и во наредниот период мојата енергија е насочена кон желбата – Македонија 30та членка на НАТО
Денес, со некои решенија кои се донесоа во Генералниот секретаријат и на Влада, Македонија е повлиску до НАТО. Тоа многу ме радува.

И утре и во наредниот период мојата енергија е насочена кон желбата – Македонија 30та членка на НАТО“ напиша Рашковски на неговиот Фејсбук Профил.

Слични содржини