Тој е познат по расипничкиот начин на живот, со омраза кон хомосексуалците и со блиски односи со Путин. Поглаварот на руската православна црква, патријархот Кирил е жестоко оспорувана личност во својата татковина-анализара DW.

0,,16039931_303,00
Гласот му е исто толку забележлив како и бисерите кои ги изрекува: хомосексуалните бракови го навестуваат крајот на светот, а руските бомби во Сирија носеле мир и среќа на луѓето. Патријархот Кирил не пропушта можност да коментира за светската политика. Покрај тоа, тој има привилегија да е со “пристап до телото”, терминот со кој во Русија ја опишуваат близината со претседателот Путин. Затоа не треба да не изненадува дека црквата и државата, патријархот и претседателот управуваат заедно Русија и нејзините граѓани. Иако во земјата да важи поделбата меѓу држава и црква, руското православие има привилегијата да е нешто како државна религија во Русија.

Нејзиниот предводник сепак е според многу од православните мирјани едно крајно контроверзна личност. Иста како претседателот Путин. И двајцата поминаа многу метаморфози. И двајцата имаат сериозен придонес за сликата на Русија во светот.

Сириски Курди: Русија ја пишува историјата на Блискиот Исток

Едно време во Ленинград
И патријархот, и претседателот се од Ленинград – денешниот Санкт Петербург. Во 1970-тите Путин го проучувал таму “шпионскиот занает” (во КГБ), а Кирил, тогаш уште под името Владимир Гундјаев, се запознале како семинаристите со руското православие. Потоа идниот патријарх прави брза кариера – избран е за ректор на Ленинградската семинарија, а на 31 години станува архиепископ.

0,,19043273_404,00

Во тоа време Кирил се зближува со Ленинградскиот митрополит Никодим. И брзо се утврди дека митрополитот го симпатизира католицизмот, се восхитува на Папата и се моли заедно со католици. И до денес Никодим останува приврзаник на идејата, која е неприфатлива за многу верници Руси, имено – обединување на руската православна и Римокатоличката црква. Токму Ленинградскиот митрополит Никодим има силно влијание врз идниот патријарх Кирил.

Самиот Кирил одел неколку пати кај Папата – за последен пат во декември 2007 кај папата Бенедикт XVI. Ова се случува една година пред Кирил да биде избран за руски патријарх. Тогаш руската државна телевизија емитуваше репортажа од посетата на Кирил во Ватикан, кој покажа како Бенедикт го благословува рускиот гостин, а тој пак му ја бакнува раката во знак на признание за неговиот статус на врховен поглавар на сите духовници.

Денешниот руски патријарх не го споделува распространетото во руската православна црква верување дека католиците се еретици. Кирил вели освен тоа дека забраната за заеднички молитви не важи за католиците, туку само за православните верници.

Часовник за 30 илјади евра

И иако средбата во Хавана со папата Францис е водечка тема во Русија, луѓето таму се возбудени повеќе од скандалите поврзани со расипничкиот начин на живот на патријархот и со неговите секогаш легални активности. Неодамна на социјалните мрежи се појави фотографија на која Патријархот носи на раката скап швајцарски часовник од марката “Breguet”, чија цена е 30 илјади евра. Огорченост предизвикуваат и неофицијалните информации за дворците на неговото Блаженство во јужна Русија или пак за неговата вила во Швајцарија. Се зборува исто така дека кратките растојанија Кирил ги поминува со оклопен Мерцедес S класа, а долгите – со приватен авион.

Во 1990-тите години името на Кирил се појави во неколку новинарски истраги кои донесоа на нишан сомнителни трговски друштва на руската православна црква. А во јавниот простор редовно се шират информации за негови учества во нелегални трансакции. Истото важи, впрочем, и за неговиот другар од заедничките години во Ленинград – претседателот Путин.

Ниту едно од обвиненијата против нив не е докажано, но како што велат Русите: “нема чад без оган”. А со оглед на економската криза во Русија расипничкиот живот на Кирил и неговата страст кон луксузот прават уште посилен впечаток. Во таа смисла во Хавана Кирил се сретна со целосна спротивност – скромниот католик Франциск.

Слични содржини