Ресторан на истокот на Кина почна во сметките на муштериите да внесува ставка „чист воздух“.

702904_peking-zagadjenje-smog-03tanjugfoto-ap_f
На гостите во ресторанот во градот Жангдјианганг им се наплаќа по еден јуан (0,14 евра) за трошоци за прочистување на воздухот.

Градовите во тој регион изминатите недели беа зафатени со дебел смог кој некаде ја смали видливоста на помалку од 100 метри.

Газдите на ресторанот купиле системи за прочистување на воздухот, а трошоците планирале да ги покријат со наплаќање на муштериите кои претходно не ги предупредиле.

После неколку жалби, локалната власт наложи да се прекине со наплаќање на чист воздух, со образложение дека тоа не е легално.

Слични содржини