Reuters: Евакуацијата од Алепо продолжува – близу 8.000 цивили се евакуирани од градот

од Vladimir Zorba

Шести конвој го напуштил сирискиот град.


Околу осум илјади цивили биле евакуирани од Алепо откако веќе шестиот конвој го напушти сирискиот град, соопштуваат турските власти, цитира Reuters. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напиша на профилот на “Твитер” дека веќе повеќе од седум илјади цивили се евакуирани со првите пет конвоја.
Потсетуваме дека Асад официјално објави дека градот за слободен. Преземањето на цивилите од градот започна вчера и ќе трае во следните неколку дена. Од градот треба да бидат изнесени уште околу 40 000 луѓе.

Слични содржини